Шведската актерка Ингер Нилсон била прва која го „оживеала“ ликот на популарната Пипи Долгиот Чорап.
Легендарната серија снимена по истоимената книга на шведската писателка Астрид Линдгрен е снимана во 1969-та и 1970-та година.
Пипи е девојчето со пеги и црвени плетенки кое бурно се противи на возрасните. Живее со својот коњ и мајмунот Господин Нилсон.
Поминаа 50 години од прикажувањето на „Пипи Долгиот Чорап“. Ретко кој од повозрасните не го памети ова необично девојче.
Ингер Нилсон имала само 9 години кога го глумела ликот на Пипи Долгиот Чорап.
Таа денес има 61 година и работи како секретарка во Стокхолм, а повремено имала помали филмски и театарски улоги.