Тајната на слатките задоволства, како што се тортите и колачите покрај кулинарската уметност се должи и на визуелната, естетска техника.
Изборот на вистинските состојки, користењето на правите вештини и неограничената доза на имагинација, се клучните фактори потребни за еден слаткар да создаде „мајсторско“ дело, кое покрај неодоливиот вкус, несомнено ќе ве воодушеви со неговата појава.
Голем број од овие слатки магии се создадени со помош на фондан, контроверзната состојка за украсувањето на торти и колачи.
Последните години, декорираните торти се број еден на пазарот, како низ светот така и кај нас.
Затоа, за вас решивме да издвоиме неколку од најневеројатно изработените торти чиј дизајн веројатно ќе ве збуни, но со сигурност ќе ве остави без зборови: