во

11 Неверојатни факти за славните личности кои веројатно не сте ги знаеле

Колкупати досега сте слушнале дека познатите личности се всушност „обични“ луѓе како и сите нас?!

Освен фактот дека целиот свет со будно око ги следи нивните животи.

Вистинските обожаватели ги знаат сите детали од биографијата на нивните идоли, од нивните карактеристики, мани и доблести, па сѐ до активностите од нивното секојдневие.

Постојат факти кои славните личности по секоја цена настојуваат да ги сокријат, но тие сепак на крајот „испливуваат на површина“.

Во продолжение ви издвојуваме несекојдневни факти за познатите личности кои со сигурност ќе ве изненадат:

Кети Пери собира коса од нејзините колеги, славни личности.

Кога станува збор за чудни хобија, Кети Пери може да ја заземе првата позиција. Пејачката откри дека сака да собира парчиња коса од другите познати личности.

Поточно, Пери изјави дека поседува примероци од Мајли Сајрус и Тејлор Свифт.

Лејтон Мистер е родена во затвор.

Познатата ѕвезда од Gossip Girl е родена зад затворските решетки, за време на одлежувањето на затворската казна на нејзината мајка, која била обвинета за шверцување на дрога, во времето на 1980-ите.

Непосредно по нејзиното раѓање, Лејтон била испратена да живее со нејзината баба, сè до ослободувањето на нејзината мајка.

Таа е навистина отворена во врска со споделувањето на нејзиното растење и воспитување, откривајќи дека искуството ја натерало да ја искаже својата слободоумност.

Клои Кардашијан доживеала трауматична повреда на мозокот во 2001 година, предизвикана од сообраќајна несреќа.

Во една од епизодите на Keeping Up With The Kardashians, Клои изјавува:

Навистина е иритирачки и фрустрирачки тажно што не можам да се сетам на толку многу работи од моето детство, поради таа сообраќајна несреќа.

Ребел Вилсон стана актерка поради халуцинација предизвикана од болеста маларија.

Додека повеќето актери се раѓаат со желба да бидат на сцената и во филмовите, извонредната Ребел Вилсон требала да фати маларија, за да сфати дека сака да биде актерка.

За време на едно нејзино патување во Јужна Африка таа имала халуцинација во која освојува Оскар, најверојатно предизвикана од лековите што ги земала за маларија.

По лекувањето, таа одлучила оваа нејзина халуцинација да ја претвори во потрага по вистинскиот живот.

Том Круз се развел од сите свои сопруги на нивна 33-годишна возраст.

Дали знаете што имаат заедничко Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс? Сите три имале 33 години кога ги завршиле своите бракови со неодоливиот Том Круз.

Оваа случајност не помина незабележано од страна на неговите обожаватели, кои дури развија неколку теории на заговор.

Џенифер Лоренс има тетоважа која ја потсетува да пие вода.

Пиењето вода, несомнено е од голема важност за нашиот организам, особено за Џенифер Лоренс којашто посвети тетоважа за да ја потсетува на тоа.

Актерката има тетоважа H2O на предниот дел од десната рака.

Лејди Гага поседува машина за откривање на духови.

Лејди Гага се плаши од некои духови. Поточно, духот по име Рајан за кој таа тврди дека ја прогонува.

Верувале или не, таа потрошила неверојатни 50.000 американски долари на мерач на електромагнетно поле, дизајниран за откривање на духови или други натприродни суштества кои наводно предизвикуваат физички нарушувања, наречени полтрогести.

Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон поседуваат ланчиња исполнети со нивната крв.

Кога Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон сè уште беа во врска, се појавија гласини за нивните вампирски тенденции.

Торнтон го потврди тоа, изјавувајќи:

Џоли сметаше дека ќе биде интересно и романтично ако земеме жилет и малку ги сецнеме прстите. Носењето крв околу вратот е исто како поседувањето бебешка коса од своето дете.

Ријана троши милион долари годишно за одржување на нејзината коса.

Како приближна калкулација, тоа би биле повеќе од четири години поминати на Универзитетот Харвард. Според извори блиски до поп-ѕвездата, точната годишна тарифа е 1,168,000 американски долари.

Имено, таа се соочувала со големи проблеми со својата коса, поради пречестото бојадисување за време на нејзините улоги во шоуто Nickelodeon.

Бруно Марс е „надвор од овој свет“

Бруно Марс е со сигурност носител на едно од најголемите имиња во шоубизнисот, но, всушност неговото вистинско име е Питер Џин Хернандез.

Бруно бил неговиот прекар од детството, затоа што како бебе бил буцкаст како борецот Бруно Самартино, а го додал „Марс“, затоа што девојките велеле дека тој е надвор од овој свет.

Нејзиното вистинско име не е Опра.

Но, како е можно?! Сите го изговараат нејзиното име погрешно поради ненамерна грешка во матичната книга на родените.

Всушност, нејзиното вистинско име е „Орпа“, а не Опра како што сите ние ја знаеме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Волонтери ја дешифрираа пораката испратена од серискиот убиец Зодијак

11 Tрендови во уредувањето што ќе исчезнат во 2021-ва и нови што ќе дојдат