„Никогаш не верувајте во сè што ќе видите на социјалните мрежи“ – порачува Анастасија Котик со нејзиниот серијал „Социјални мрежи vs. Реалност“.
22-годишната Русинка низ илустрации ги прикажува оние ситуации од социјалните мрежи во кои фотографиите се далеку поразлични од случувањата во вистинскиот живот. Нејзина цел е да ги натера луѓето да не се споредуваат со личностите кои ги гледаат на интернет, бидејќи најчесто нивните фотографии не се реални.