Кога ќе влезат во тоалет Јапонците облекуваат посебни влечки, а тие што ги носат низ домот ги оставаат пред вратата од тоалетот.
Тоа што е нормално во Јапонија, честопати е чудно за нас. Во јапонските домови нивото на хигиена се одржува на многу високо ниво.
Хигиенски навики од секојдневието на Јапонците:
Кога ќе влезат во тоалет Јапонците облекуваат посебни влечки, а тие што ги носат низ домот ги оставаат пред вратата од тоалетот.
По шетањето надвор, не ги мијат само рацете, туку го плакнат и грлото.
На гостите им се даваат влечки за една употреба, кои се фрлаат откако тие ќе си отидат.
Водата од чешма им е совршена за пиење затоа што има строга контрола и таа мора да задоволува неверојатно високи стандарди за филтрација.
Кога перат облека често ја закачуваат да се суши на закачалки за да не се тутка и потоа да губат време на пеглање.
Кога се суши долната облека гледаат да ја сокријат од погледите на другите, имаат дури и специјални заштитни прекривки за тоа.
Во јавните тоалети користат специјални средства за дезинфекција и ја бришат тоалетната школка.
Зеленчукот и овошјето што го купуваат од маркетите е измиено, херметички затворено и подготвено за јадење.