Џек Мартин смета дека седата коса е класика и изгледа прекрасно, па ги убедува жените да ја прифатат и да бидат горди на неа.
Жените во 30-тите почнуваат да пронаоѓаат по некое седо влакно, а во 50-тите веќе половина скалп им е со седи влакна, но, се разбира, сето ова е индивидуално.
Како и брчките, така и седата коса е дел од стареењето и нема апсолутно ништо погрешно во неа.
Џек Мартин е познат стилист кој цврсто верува во тоа и неговата мисија е да ја прикаже убавината на седата коса.