Во периодот од 1899 до 1910, неколку француски уметници биле замолени да предвидат како би изгледала иднината.
Уметниците имале задача да си ја замислат 2000-та година и да ја нацртаат нивната визија за иднината.
Интересно е што некои од нив и не биле далеку од сегашната реалност.
Можеби немаме подморница што ја влече кит, но дефинитивно имаме видео повици, автоматизација во производството и летачки машини.
Овие уметници добро ја набљудувале нивната сегашност и направиле надградба на тогашните уреди и машини, па резултатот се еден вид „стимпанк“ илустрации кои ни дозволуваат да ѕирнеме во нивните умови.
Како вие би ја замислиле иднината ако живеевте на почетокот на 20-тиот век?