Нереалните кадри од објективот на младиот белгиски фотограф, кажуваат илјада зборови, поради тоа видете ги и уживајте во нив.
Белгискиот фотограф Себастиен Наги, до свои 33 години посетил толку многу прекрасни места за живот колку што поголемиот дел од луѓето не виделе во целиот свој живот.
Скриен ресорт со базен опкружен со песок во Обединети Арапски Емирати, делува како фатаморгана, а ништо помалку нереално не делува куќата од бамбус сред прашума во Бали.
Кога ќе има можност, овој фотограф снима од хеликоптер, обидувајќи се да ја одржи мирна раката и да го долови вистинскиот кадар.
Тој многу време троши на истражување на светот преку Google Earth, а откако ќе улови некоја интересна локација, почнува да ги пакува своите куфери.
Како што вели самиот тој, најмногу сака да снима додека е зора, кога светлината му е најдобриот помошник во неговите спектакуларни дела.
Неговите зборови кажуваат илјада зборови, па погледнете ја фасцинантната галерија која што ќе ве остави без здив.