во

Каков газда, таков миленик – кучињата попримаат особини од сопственикот

Кучињата живеат со луѓето повеќе од 30.000 години. Чувствителни се на емоциите на нивните сопственици и можат да ги рефлектираат истите. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го приспособат своето однесување.

Ако вашето домашно милениче во почетокот било многу активно, па наеднаш станало мрзеливо, гледајќи ве вас како постојано лежите во креветот, тоа е знак дека ги преземало вашите карактеристики и навики.

Научниците од Универзитетот во Мичиген испитале кои особини можат да ги попримат овие миленици од сопствениците.

Екстровертите се многу отворени за другите луѓе, а такви се и нивните кучиња. Ако луѓето се срамежливи или интровертни, тогаш кучињата ќе го преземат начинот на кој се однесува нивниот господар. Ако е сопственикот под стрес, кучето ќе започне да изразува агресија.

Научниците од Австрија покажале дека кучињата можат да ја рефлектираат личноста на сопственикот, особено неговата вознемиреност и негативните емоции.

Имено, кучињата кои биле релаксирани и пријателски расположени, истото можеле да им го пренесат на луѓето.

На сопствениците им се доделени пет особини на личност: невротизам, екстровертност, отвореност за нови искуства, удобност и совесност. Со користење на стандардизирани форми, испитана е и личноста на кучињата.

Ирис Шоберл, кој го водел истражувањето, вели дека сопствениците и кучињата влијаат едни на други, но влијанието на човекот е многу поголемо. Кучињата можат да соберат информации за емоционалната состојба на луѓето и соодветно да го прилагодат своето однесување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Печатни грешки, непристојни зборови – Најчудните тетоважи на славните

Делфините зборуваат во сон, слоновите жалат за саканите – Факти што докажуваат колку сме слични со животните