Ние луѓето имаме огромно влијание врз нашата планетата, но проблемот е што најчесто тоа е негативно.
Како што се зголемува населението, се зголемува и потребата од ресурси, па уништувањето на природата за наши потреби станува сè почесто. Депониите, но и океаните, постојно се полнат со ѓубре и ако продолжиме вака, наскоро ќе останеме без најосновните ресурси.
Планетата има потенцијал да „издржи“ многу поголемо население отколку што сме сега, но само ако разумно ги користиме ресурсите. На планетата има доволно храна и вода за сите, но факт е дека не ги распределуваме како што треба.
Ако не верувате дека е време да направиме драстична промена, овие илустрации ќе ве убедат во тоа:
Шумите не се само дом за многу животински видови, тие се и еден од нашите извори за кислород
Ако ги уништиме сите шуми, дефинитивно нема да ги избегнеме климатските промени и ужасните последици од нив
Целосно ја променивме нашата планета, но не на подобро
Постојано земаме од природата, но за возврат ѝ даваме само купишта ѓубре
Иако е 21-ви век, сè уште убиваме и измачуваме животни само за да ги следиме модните трендови
Ако продолжиме со загадувањето, наскоро во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби и животни
Додека го читате ова, најверојано ќе изумре барем еден загрозен животински вид, и тоа поради нас
Секојпат кога фрлате нешто, размислете каде ќе заврши. Ова нека ви биде поттик да правите помалку отпад, особено со пластика
Ни се чини дека светот не може да постои без нафта, но кои се последиците од ова?
Само затоа што „вечниот мраз“ е на другиот крај од светот, не значи дека нема важна улога во природата, но ако продолжиме вака, од него нема да остане ништо
Секој од нас може да помогне, без разлика со колку мало дело. Ако видите отпад на земјата, фрлете го во корпа. Ако имате можност, посадете дрво. Ако сакате бунда, купете од вештачко крзно. Ако мислите дека ништо не зависи од вас, верувајте дека не е така