Правилата за добро однесување се нешто што го учиме од најрана возраст, и овде не спаѓа само начинот на зборување со другите.
Без разлика каде сте и што правите, мора да ги земете предвид и луѓето околу вас. Многумина целосно ги игнорираат другите, но благодарение на пандемијата, сите бевме присилени повеќе да внимаваме на нашето однесување во јавност.
Погледнете кои правила на однесување што ги научивме за време пандемијата треба да продолжиме да ги следиме:
Не чекајте до последен момент да ги барате парите или картичката. На овој начин создавате непотребен застој на каса.
Во јавен превоз, почитувајте го личност простор на другите и направете место да застане или седне и некој друг. Ако има гужва, не мора ни да влезете.
Кога чекате ред во маркет, пред банкомат или каде било, нема потреба да им „дишете во врат“ на оние пред вас.
Кога ќе ја испразните корпата на каса во маркет, вратете ја назад или ставете ја на местото обележано за корпи. Продавачите, особен периодов, немаат секогаш време да го средуваат и вашиот неред.
Кога сте на јавно место каде што има многу луѓе, следете ја насоката на движење и, исто како во јавниот превоз, почитувајте го личниот простор на другите.
Кога сте во автобус, немојте да ја блокирате вратата и да создавате непотребен метеж.
Кога се качувате на ескалатор, не застанувајте веднаш зад личноста пред вас и оставете простор да помине некој друг.
Кога ќе сретнете некој, воздржете се од прегратки и бакнување. Најпрво, некои луѓе не се чувствуваат удобно кога го правите тоа, а во сегашната ситуација, од ваша корист е да ги почитувате мерките за дистанцирање.