Ако сте корисник на Инстаграм и љубител на мачки, веројатно веќе го знаете Гринго. Овој 2-годишен мачор има бели мустаќи кои го освоиja интернетот, но и неговите сопственици.
Имено, Сабрина и нејзиниот партнер Ромејн посетиле едно засолниште за бездомни животни во Франција со намера да посвојат мачка. Меѓутоа, четирите малечки шепи дотрчале до парот и не сакале да се одвојат од него.
“Започна да преде и да нè прегрнува. Како да нѝ велеше дека нè одбра и дека сака да си заминеме дома”, вели Ромејн за “Love Meow”.
https://www.instagram.com/p/B_VLvYPK16V/?utm_source=ig_embed
Сабрина и Ромејн не можеле да го одбијат мачорот. Го повеле со себе и му го дале името Гринго. Веднаш сфатиле дека тој има уникатен карактер, токму како и посебниот изглед кој им го должи на симпатичните мустаќи.
“Има навика да стои на задните нозе. Одлучен е и кога нешто ќе посака, тоа и го остварува”, додава Ромејн.
https://www.instagram.com/p/CALOWpNq7Rw/?utm_source=ig_embed
Што се однесува до неговите мустаќи, тие го направиле ѕвезда. На Инстаграм, Гринго го следат речиси 75.000 луѓе, а неговите фотографии на сите им мамат насмевки на лицата.
https://www.instagram.com/p/B_xcLEPqOVe/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-fCztlqf8J/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B-NIlquKVUY/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CBBM6C7qtRv/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAnP-YuKDxk/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CAc5Qk1q9H4/?utm_source=ig_embed