Една корисничка на социјалната мрежа Твитер поставила морничава фотографија од шума на која што под стеблото ѕиркаат ”ножни прсти” налик на човечките.
„Може ли да погодите на кое животно му припаѓаат?“ – прашала таа, а останатите корисници на социјалната мрежа Твитер почнале да размислуваат во погрешен правец.
Can you identify this animal? pic.twitter.com/6WHc2cidRO
— Susanta Nanda (@susantananda3) June 14, 2020
Имено, за среќа не станува збор ниту за животински, ниту за човечки прсти, туку станува збор за вид печурка во народот позната како – мртовечки или пак ѓаволски прсти.
Латинско, Xylaria polymorpha, е вид печурка која што не се јаде, а расте на распаднатите дрвја и тоа најчесто на бука или даб.
Во шумите може да се пронајде во текот на целата година и е многу чест вид.
Растат групно, а името го добиле поради карактеристичниот изглед кој што потсетува на ножни прсти.
Родот Xylaria содржи околу 100 подвидови на космополитански печурки.