Непреспани ноќи, раскрвавени брадавици, миризливи пелени, хаотичен дом… да си мајка на мало дете воопшто не е лесно и на моменти е исцрпувачко.
Јаде Нордал од Норвешка создава илустрации со кои на искрен начин го доловува секојдневието со синчето Абел.
„Да имаш мали деца дома е најубавото и најмагичното искуство кое можеш да го доживееш. Но, како што тврдат повеќето баби и дедовци, таа идила може да исчезне за само неколку секунди“ – пишува артистката која живее во Осло.
„Колку луто и фрустрирачко може да биде послужувањето на млеко во погрешна чаша?“ – дополнува таа.