Дури и најтрпеливите луѓе на светот знаат да избувнат кога ќе им се случи некоја несакана ситуација.
Некои работи навистина знаат да нè извадат од такт.
Најиритантните ситуации од секојдневието прикажани преку илустрации:
Кога ќе си го удрите малиот прст од стапалото во некое парче мебел.
Кога се обидувате да потонете во сон, но не успевате поради капењето на водата.
Кога е турканица во автобус, а вие сте најниски.
Кога ќе најдете интересно видео на Јутјуб, ќе се подготвите со нешто за грицкање и среде гледање ќе ви снема интернет.
Кога во последен миг во лифтот ви влегуваат уште тон луѓе, а мислевте ќе се возите сами на мир.
Кога ќе ви заврне токму во единствениот тмурен ден кога не понесовте чадор.
Кога чекате долго среде ред и се отвора нова каса и тогаш се наоѓате на крајот од редот, без разлика на која каса одлучувате да чекате.
Кога сте на прв состанок во ресторан, а веднаш до вас има немирно дете.
Кога некоја музички хит од типот на „Despacito“ го слушате секогаш и секаде.
Кога имате неволји со храната.
Кога некој во вашиот дом тајно ви ја јаде храната.
Кога во кино седите до најзборлестите и најнекултурни луѓе.
Кога вашите колеги од сите страни ве бомбардираат со привлечи мириси од храна, а вие сте на диета.