А кога сме кај нови вкусови, добро би било да ги пробате овие јадења од целиот свет, штом ќе ви се укаже можност за тоа:
Шкотски јајца
Овој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце.
Каде да го пробате: Според Англичаните, најдобрите шкотски јајца ќе ги најдете во стар паб.
Pastel de nata
Овој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет.
Каде да го пробате: Најдобро е да го пробате овој десерт во Португалија, во некоја пекара во Лисабон.
Ceviche
Ова јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид.
Каде да го пробате: Најдоброто ceviche ќе го најдете во Перу.
Погачи со школки
Школките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца.
Каде да го пробате: Најдобрите погачи со школки ќе ги најдете на улиците во гратчињата на Роуд Ајланд, САД.
Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)
Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ.
Каде да го пробате: Јадењето потекнува од Белгија, па најдобро е да го пробате во некој белгиски рибен ресторан.
Thüringer Rostbratwurst
Рецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф.
Каде да го пробате: На пазарот во Ерфурт, Германија ќе ги најдете автентичните колбаси, кои потоа можете да ги приготвите сами.
Poutine
Ова јадење е всушност помфрит со сос и парчиња кашкавал. Компирчињата се крцкави однадвор и меки однатре, а сосот е многу мрсен и солен. Кашкавалот, пак, му дава совршена текстура.
Каде да го пробате: Ова е традиционално канадско јадење кое потекнува од покраината Квебек, а најдобро е да го пробате во Монтреал.
Bouillabaisse
Ова е еден вид супа од морска храна, која содржи неколку видови риба, школки, октопод, ракчиња и јастог. Супата има и зеленчуци, како компири, праз и домати, а е зачинета со шафран.
Каде да го пробате: Јадењето можете да го пробате во Марсеј, Франција.
Phirni
Phirni е сладок пудинг што ќе го најдете на речиси секој индиски карневал. Направен е од ориз, брашно, млеко и сушено овошје. Шафранот и кардамонот му даваат посебна арома на десертот, а понекогаш се додаваат и манго, цреши, бадеми и ф’стаци.
Каде да го пробате: Можете да го најдете десертот во близина на хиндуистичктие храмови, за време на секоја голема прослава.
Pho Bo
Главната состојка на ова јадење е супата од месо, во која се додаваат нудли од ориз и парчиња месо. Чорбата се служи со свежи зачини и голема порција лимонов сок.
Каде да го пробате: Јадењето ќе го најдете во многу ресторани во Виетнам, но најдобро е да го пробате кај уличен продавач.
„Супа“ од вишни (Meggyleves)
Ова е еден вид слатка супа, или компот, направена од вишни, слатка павлака, бело вино и цимет.
Каде да го пробате: Овој десерт ќе го најдете во секој ресторан во Унгарија, но најчесто во топлата сезона.
Pizza ebraica
Иако во името стои зборот пица, ebraica e всушност десерт. Наликува на гранола и е направен со слатко тесто, сушено грозје, кандирано овошје, бадеми, сушена кајсија и сушена брусница.
Каде да го пробате: Најдобрата верзија од овој десерт ќе ја најдете во Рим.