Ако живеете во зграда, јасно ви е дека морате да научите да се справувате со секакви луѓе.
Додека можеби сте во одличен однос со некои од соседите, сигурно постојат и оние кои се премногу бучни, премногу љубопитни, па дури и чудни.
Во продолжение погледнете ги 15-те видови соседи што им се добро познати на сите кои живеат во зграда:
Соседот кој постојано готви
Во речиси секоја зграда има по една личност која постојано сака да готви. Проблемот е што најчесто приготвува храна со навистина силен мирис, кој сигурно стигнува и до вашиот дом.
Соседот со „железна топка“
Ако не живеете на најгорниот кат, голема е веројатноста над вас да живее соседот кој како постојано да тркала железна топка по подот.
Барем еднаш во денот морате да слушнете нешто вакво.
Соседот кој се забавува
Ако имате сосед кој постојано пушта гласна музика, молете се да имате ист музички вкус.
Соседот кој кива прегласно
Нема потреба да живеете во зграда со тенки ѕидови за да го слушнете овој сосед. Запрашајте се колку пати сте излегле на тераса и сте го слушнале соседот како кива на цел глас.
Соседот активист
Најчесто ова е постара личност, која секогаш собира пари за нешто – за лифтот, за чистење, за децата без родители…
Соседот пушач
Понекогаш изгледа како овој сосед да се родил со цигара во рака. Тој без проблем пуши не само во неговиот стан, туку и на прозорецот, на балкон, пред зградата, па дури и во влезот.
Соседот кој сака животни
Овој сосед е вистински љубител на животни и во неговиот дом секогаш има барем по една мачка и едно куче.
Соседите со деца
Веројатно не постои зграда без семејство со мали деца. А, сигурно ви изгледа како децата да се најактивни со недела наутро, баш кога вие имате време за одмор.
Соседот кој остава ѓубре
Многу луѓе имаат навика да го остават ѓубрето пред врата, за кога ќе излегуваат да го фрлат. Но, овој сосед само го остава и не го фрла, па за неколку денови влезот изгледа како вистинска депонија.
Соседот со приватен паркинг
Овој сосед се грижи за својот автомобил како да вози Ферари и секогаш си обезбедува „приватен“ паркинг. Понекогаш дури остава и столчиња и гајби за никој да не му го украде местото.
Соседите кои озборуваат
Најчесто во зградите има по неколку вакви луѓе кои ги следат сите новости за останатите соседи. Од нив не можете да скриете буквално ништо.
Соседот кој постојано реновира
Ако немате соседи со деца, тогаш сигурно имате сосед кој реновира секој викенд. Колку пати во недела ве разбудил звукот на бормашина?
Соседот со проблематичен водоводни цевки
Ако живеете под овој сосед, сигурно не ви е лесно. Изгледа како оваа личност секогаш да има проблеми со водоводот и секојпат е изненадена кога ви капе и вам.
Соседот кој сака мир и тишина
Дури и ако на земјата ви падне пердув, овој сосед ќе го слушне тоа и ќе ви затропа на ѕидот. За него сите се смеат гласно, сите зборуваат гласно, па дури и дишат многу гласно.
Соседите од „реално шоу“
Ова се соседите кои постојано се расправаат, и тоа на цел глас. Целата зграда, па дури и целото маало знае за нивните проблеми.