Од говорот на телото и односот со другите до начинот на облекување и однесување во ресторан, по што се истакнуваат вистинските дами?
Вистинските дами се истакнуваат по својата култура. Тие се пример за одмереност и за правење на работите на вистинскот начин.
Карактеристики по кои вистинската дама се издвојува од другите:
Облека
– Не си ја мести облеката во јавност – не ги подместува прерамките на градникот, ниту го влече здолништето.
– Носи облека која го има нејзиниот број, ниту поголема, ниту помала.
– Не ѝ се гледа долната облека, носи гаќички без рабови.
– Не заборава да ги извади ознаките од чевлите по купувањето.
На маса
– Знае дека ако има салфетка од текстил на масата треба да ја стави во скутот.
– Ако треба да стане од масата, се извинува и ја остава салфетката лево од нејзината чинија, а не на столот.
– Нема да ја крене салфетката ако ѝ падне на подот, туку ќе го замоли келнерот да ѝ донесе нова.
– Не ја брише устата со салфетката, туку нежно ги допира краевите од усните.
– Не користи чепкалка за заби на масата и не го освежува карминот, тоалетот е местото за тоа.
Очила за сонце
– Иако некои модни дизајнери не се согласни околу ова, експертите за бонтон велат дека вистинската дама не ги става очилата на глава.
– Ги симнува очилата за сонце кога влегува во соба, а исто така и надвор кога е облачно или стемнето.
– Кога ќе сретне познаник за улица прво што прави е ги вади очилата за сонце.
– Ако одлучи да ги остави очилата за сонце на очи, прво ќе го праша соговорникот дали му пречи.
Начин на изразување
– Во нејзиниот речник нема вулгарности и жаргон.
– Дури и кога сака нешто да искритикува не користи остри зборови, туку го карактеризира како „несоодветно“ на пример.
– Внимава не само што кажува, туку и како го кажува тоа, од тон до брзина на говорење.
– Не поставува непријатни прашања од типот: „Колку заработуваш?“ или „Кога планираш да се мажиш“.
– Во деловниот свет избегнува теми како политика, религија и детали од приватноста.
Говор на тело
– Знае дека ние зборуваме дури и кога не отвораме уста, односно говорат нашите гестови, поза, фацијална експресија, исто така и шминката и облеката.
– Не потонува во столчето, туку седи исправено и внимава на позата.
– Секогаш го држи грбот исправен, знае дека тоа оддава важна информација за самодовербата.
– Знае како да изгледа убаво и елегантно кога седи и знае дека колената треба да бидат допрени едно до друго.
Однесување
– Таа умее да ги контролира емоциите и културна е со персоналот во рестораните, хотелите, продавниците, такси возачите итн.
– Знае како да ја задржи насмевката на лицето, дури и кога работите не ѝ одат од рака.
– Поплаките од партнерот ќе му ги каже нему, а нема да оди и да се жали наоколу.