Мажот се вратил дома порано од работа и ја фатил жената со швалерот додека го прават тоа.
– Што правиш тука бе?! – се развикал рогоносецот.
– Пааа… ова… – почнал збунето љубовникот – јас сум доктор и бидејќи жена ви е болна во моментот ја лекувам…
– Ахааа, така значи! И како ја лекуваш?
– Пааа… еве ѝ мерам температура.
– Добро! – рекол мажот.
Отишол до шифоњерот, го отворил, извадил пиштол, го насочил кон љубовникот и му рекол:
– Вади го сега термометарот и моли се да има бројки на него!