Малата ќеркичка го моли таткото:
– Татенцеее, сакам да си имам мала сестричка.
Таткото се обидува да биде остроумен и ѝ вели:
– Миличка, но ти си имаш сестричка!
– Си имам!? – збунето прашува детенцето.
– Се разбира дека си имаш… Само не ја гледаш, затоа што штом ти ќе влезеш од предната врата, таа веднаш излегува од задната враата на куќата – вели таткото.
Малото девојченце неколку секунди се мисли и вели:
– Ахаа, значи и ти имаш брат, чичко Миле, комшијата.