Живееме во гарсоњера. Се враќам дома од работа, вадам маска, ракавици, се дезинфицирам, а жена ми зготвила вечера каква што не сум јадел долго време. Свеќи, вино, десерт, сѐ по ред и на крај ми вели:
– Драги, сакам да ти кажам нешто ама не знам како ќе реагираш.
– Кажи душо слободно, што и да е.
– Наскоро ќе бидеме тројца!
– Господи! Каква среќа! Сигурна ли си?
– Да, да, 100%. Мама ми се јави сабајле, утре доаѓа на гости и ќе биде кај нас додека трае карантинот.