во

Џорџ Клуни за сопругата Амал: Подобро да готвам јас за да не умреме сите

Џорџ Клуни неодамна за медиумите зборуваше за своето семејство, а со изјава за сопругата Амал особено ги насмеа новинарите.

Всушност, актерот, кој се ожени за адвокатката за човекови права Амал Аламудин во 2014 година, изјави дека нејзините вештини во кујната не се ни блиску до нејзината стручност на суд.

„Мојата сопруга, која е брилијантен адвокат и е еден од најголемите адвокати во светот, но подобро е да готвам јас за да не умреме сите“, рекол Клуни во интервјуто.

Поради ова новинарот го прашал што планира да има на менито за време на празниците, а тој му рекол дека годинава ќе подготви мисирка.

Уште една работа ги изненади новинарите. Имено, Клуни откри дека неговите деца немаат поим што работи тој. Заедно со сопругата Амал ги имаат шестгодишните близначки Ела и Александра.

Инаку, медиумите неодамна објавија дека Клуни го продава својот имот на езерото Комо за 10 милиони долари бидејќи наводно му пречат папараците. Сепак, тој набрзо им открил на медиумите дека тоа не е вистина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Правилата треба да се почитуваат: Родители во Љубљана го пријавиле своето дете поради пиротехника, полицијата ги пофалила

Вештачката интелигенција открива како би изгледале македонските градови кога би биле дел од светот на Дизни