Писмото до Дедо Мраз од еден Македонец.
„Почитуван Дедо Мраз,
за оваа нова година сакам да ми донесеш 6 кубика дрва. Ако не можеш да ги донесеш на еднаш, не се секирај, ќе те почекам.
Сакам и 2 бочви ракија, од убавата. За децата донеси по еден телефон од тие што фаќаш со прстите по нив, ти текнува ли?
Стави за жената едно палто од лисица, ќе ѝ одговара на карактерот… И кога ќе поминуваш од кај поштата, плати ми ги сметките за струја, да не ми ја исклучат.
Фала однапред и се надевам нема да испаднеш пе*ер!“