Лавот бил жеден додека шетал низ Афричката савана. Кога здогледал мало езерце, тој веднаш се наведнал да се напие вода и од среќа му се кренал опашот.
Во тој момент поминал еден мајмун, кој кога го видел лавот натртен – му го „опнал“ набрзина.
Додека да се свести лавот што го снашло, мајмунот успеал да избега.
Бегал мајмунот и налетал на еден шатор, набрзина се пресоблекол како човек и седнал да чита весник.
Лавот го стигнал, погледнал во шаторот и го видел мајмунот како човек што чита весник, па го прашал:
– Извинете, да не видовте еден мајмун како бега?
– Мислите на мајмунот што му го опна на лавот?!
– Леле, зарем одма во весник излезе???