Се возел еден моторџија кога одеднаш патот му го пресечува див зајак и сакајќи да избегне да го прегази завршил во ендекот покрај патот.
Прилично зашематен и со мали повреди по главата и рацете излегол од ендекот и во тој момент застанала една кола, од неа излегла една многу убава девојка. Го прашала дали е добро и дали му треба помош.
Човекот рекол не, добро сум.
Девојката рекла не, не, повреден си, влегувај во кола, ќе те однесам дома ќе те преврзам…
Човекот рекол, не не треба а и жена ми ќе се лути.
Девојката рекла, ама ајде јас сум медицинска сестра, ајде влегувај.
Влегол човекот во колата велејќи, на жена ми оваа нема да и се допадне…
Отишле во куќата на девојката го преврзала и потоа го повикала в кревет.
Човекот пак рекол оваа никако нема да и се допадне на жена ми.
Ама ајде рекла девојката, таа нема ни да знае. А каде е жена ти сега, прашала двојката.
Па сигурно сеуште лежи во ендекот одговорил човекот!