Во еден бутик влегува жена на возраст од околу 30, убава, горда, модерна… По неа се влече ситен 50 годишен маж со златен часовник на раката. Брачните прстени им се исти – значи сопружници.
Жената си го избира најскапиот кожен капут, го облекува и почнува да воздивнува од восхит. Мажот брзо го купува капутот со цена од 3.000 евра. Жената се заблагодарува и си одат.
Следниот ден во истиот бутик влегува истата жена, но со друг маж – убава, млад, висок, добро облечен, со венчален прстен, но различен од нејзиниот – значи љубовник.
Персоналот е воспитан и молчи. Жената се фаќа пак за сосема истиот капут што ѝ го купи сопругот претходниот ден. Почнува да воздивнува, љубовникот брои 3.000 евра, таа му се заблагодарува бакнувајќи го во устата и си заминуваат.
Третиот ден истата жена се враќа во истиот бутик – сама! Го враќа едниот капут и си зема 3000 евра назад.
Заклучок: Мажот мисли дека тој и го купил капутот! Љубовникот мисли дека е тој! Нема љубомора, нема скандали! Жената има 3.000 евра во кеш во џебот и убав и скап кожен капут!