во

Ги повикавме пријателите на скара во нашата викендичка. Ама зборавивме да купиме печурки…

Ги повикавме пријателите на скара во нашата викендичка. Ама зборавивме да купиме печурки, добро одат со скарата.

Да одиме повторно до продавница не се исплаќа оти е даеку едно 30 минути во еден правец.

Се сетив оти зад шупата видов поприлично многу печурки и и кажав на жена ми да ги стави на скарата.

Таа беше малку исплашена и праша да не се отровни. Сега ќе дознаеме реков. Го повикав нашето куче и тоа ги јадеше како лудо.

Потоа сите гости и ние јадевме и на сите ни беа многу вкусни. По едно два часа сосетката дојде и рече дека нашето куче лежи мртво во нејзиниот двор!

Брзо повикавме амбуланта и на сите ни ги испумпаа стомаците!

Потоа сосетката рече дека шоферот на камионот кој ни го згази кучето воопшто ниту не подзастанал!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И учителката им вика, сега ќе играме на буквата. Учителката почнува на буквата П…

Жена оди на гинеколог со мажот. Докторот внимателно гледа на ехо…