Градоначалник на една македонска општина се качува во такси и му вели на таксистот:
– Ќе ти дадам 500 денари ако ме однесеш до општинската зграда за 5 минути, зошто доцнам за состанок.
– Добро! – рекол таксистот, – Ама земи ја оваа шамија прво и врзи си ги очите.
Се согласил градоначалникот, си ги врзал очите на брзина и тргнале. После 3 минути возење таксистот вели:
– Готово, стигнавме, плати ми и оди!
– Ќе ти платам ама мора да ми кажеш по кои улици возеше па стигна толку брзо.
– Да бе, нема шанси! 5 улици останаа здрави во градот, ако ти ги кажам и нив ќе ги раскопаш сега пред избори.