Вицовите за парови се меѓу омилените – во нив може да се пронајдат речиси сите, а овие пет, добро ќе ве насмеат и ќе ви го поткренат расположението.
Сигурно ќе сакате да им ги раскажете на пријателите:
Прва брачна ноќ
Утрото по првата брачна ноќ жената му вели на сопругот:
– Ти си лош љубовник, а тој ѝ враќа:
– Како можеш да знаеш од пет минути?
Што ќе купиме од парите од Лото?
Мажот и жената уплатиле лото и почнале да сонуваат што ќе направат ако ја добијат премијата.
Жената му рекла на мажот:
– Ако добиеме лото, ќе вработам готвач само за да можам да му кажам: ‘Еј, ај те молам направи ми сендвич!’
Мажот ја погледнал и ѝ рекол:
– Мене не ми треба тоа, веќе имам таков човек.
Цвеќе за годишнина
Миле постојано ги заборавал роденденот на сопругата и годишнината, па одлучил да го реши проблемот засекогаш.
Отишол во цвеќарница и договорил секоја година на точно определените датуми тие да доставуваат цвеќе во неговиот дом со картичка на која пишува: „Со љубов, од твојот сопруг Миле“.
Ова решение било супер. Во наредните неколку години сопругата била среќна и се фалела како на Миле секоја година му текнува да ѝ подари цвеќе.
Еден ден кога им било годишнина, Миле доцна си дошол од работа, го видел букетот на масата, па ѝ рекол на сопругата:
„Ама е убаво цвеќето, од каде го купи?“
Маскенбал
Мажот и жената требало да одат на маскенбал, ама жената сакала да го тестира, па му рекла тој да оди сам затоа што таа не се чувствува добро.
Мажот се маскирал и заминал на забавата, а жената останала дома. По еден час и таа се маскирала и отишла да види што се случува и што прави нејзиниот сопруг, знаејќи дека тој нема да ја познае.
Кога стигнала таму веднаш го препознала сопругот по маската и видела дека тој танцува со некоја згодна девојка и веднаш му се приближила и почнала да го заведува.
Испиле повеќе пијачки, па се скриле во една од другите соби.
По брзиот секс, жената веднаш избегала, па кога стигнала дома се пресоблекла и си легнала во кревет и почнала да размислува како да му се одмазди на сопругот затоа што ја изневерил.
Кога си дошол дома сопругот, го прашала како си поминал, на што тој ѝ рекол:
– Не отидов, останавме кај другар, му го дадов костумот на колега и ми рече дека си поминал незаборавно.
Истражување
Едно истражување за брачни двојки потврдило дека секое ново запросување започнува со зборовите:
– Сигурна си дека е позитивен?