Време кога полесно си мамевме насмеви и на себе и на другите.
Неколку ретро вицеви:
1. Си биле јателе и тителе. Тителе паднал, кој останал? Јателе.
2. Русокоса среќава полицаец клекнат под автомобил, како го поправа и го прашува:
„Што правиш?“
Тој ѝ вели:
„Се мачам“.
Русокосата му одговара:
„Кога ќе се омачиш ќе може да ми дадеш едно маче?“
3. Си биле две кучиња, едното почнало да се чешка, а другото Словачка.
4. Што е мало црвено оди горе-долу? Домат во лифт.
5. Си биле Мујо и Хасо. Мујо паднал во дупка, а Хасо ни два, ни три, туку пет.
6. Се шетале два акумулатора. Едниот паднал во шахта, а другиот се испразнил од смеење.
7. Мујо и Хасо оделе. Мујо заборавил да дише и умрел.
8. Жан Клод Ван Дам паднал во дупка. Полицацец прашал: „Кој има таму?“ Овој одговорил: „Жан Клод Ван Дам“ и полицаецот му рекол: „Излегувајте сите четворица!“