Во Македонија малку потешко ни оди со трката по среќа, па понекогаш добро е да видиме „рецепт“ од некои од најсреќните држави на светот.
Шведска спаѓа во оваа група, а филозофијата на живот таму се крие во т.н. „lag“, што значи умереност во сè.
Навики на Швеѓаните:
– Мебелот во домот го распоредуваат на одредена дистанца едно од друго парче со цел меѓу нив да има простор за непречено движење и можност окото да ја видите убавината на секое парче мебел.
– Во домовите ставаат транспарентни завеси за да има многу дневна светлина, ѕидовите ги бојат во светли бои и ставаат фотографии од прекрасни пејзажи, кои ги релаксираат.
– Домот го уредуваат така за да релаксира и често во ноќите палат свеќи, кои ја греат душата.
– Кога купуваат нови работи, како облека на пример, се ослободуваат од две стари за да нема хаос.
– Документите ги сортираат и веднаш фрлаат сè што им е непотребно.
– За да заштедат време на готвење прават неделен план и едноставни оброци за викендите.
– Одгледуваат зачини во саксии во домот и ги користат при готвењето.
– Стануваат половина час порано за да го избегнат брзањето накај работа и смирено го започнуваат денот, затоа што имаат чувство дека имаат контрола врз времето.
– Наутро полека пијат чај, а кога им дозволуваат обврските си заминуваат порано од работа.
– Со колегите одат на кафе паузи наречени „Fika“, кои ја подобруваат работната атмосфера и ја зголемуваат ефикасноста на работното место.
– По вечерата прават прошетки во близина на нивните домови наречени „Kvällspromenad“ за да се релаксираат пред спиење.
– За да можат да шетаат по секакви временски услови, особено за време на викендите, си купуваат соодветна опрема.
– Природата ја носат во домот преку употреба на природни материјали како дрво, волна итн.
– Се трудат да го исфрлат „ѓубрето“ од умот така што го сведуваат на минимум времето минато во гледање на телевизија и седење на социјалните мрежи.
– Секогаш одвојуваат време за омилените активности.