во

5 Вицови за брачни парови што ќе ве насмеат до солзи

Некои брачни парови ќе се пронајдат во некои од овие ситуации, а некои не – како и да е сите подеднакво ќе се насмеат на смешниот пресврт што следува на крајот на вицот.

Кој прв ќе прозбори

Се скарале мажот и жената и не разговарале. Во еден миг на мажот му текнало дека следниот ден жена му треба да го разбуди во 5 часот наутро за да оди на аеродром. Не сакал да тој прв да прозбори, па земал ливче и ѝ напишал порака:

‘Те молам разбуди ме во 5 часот сабајле’ – и ѝ го оставил на видливо место.

Следното утро мажот се буди, гледа дека е 9 часот наутро и го пропуштил летот. Гневен станал да ја побара сопругата и да ја праша зошто не го разбудила, кога забележал порака оставена на перницата во креветот:

‘Ајде, 5 часот е, стани…’

Молитва

Мажот имал навика секоја вечер да каже молитва пред да почне да вечера. За годишнина одлучил да ја однесе сопругата на вечера во ресторан со 5 ѕвездички.

Го донел келнерот јадењето, а мажот лакомо почнал да јаде, по што сопругата го погледнала и му рекла:

– Леле, заборави да ја кажеш молитвата пред да почнеш да јадеш – на што сопругот ѝ одговорил:

– Нема гајле, сигурен сум дека тука готвачот знае да готви.

Брачен советник

По 35 години брак еден брачен пар одлучил да оди на брачен советник, кој ги прашал во што е проблемот.

 – Ме занемарува, не сме доволно интимни, се чувствувам празно, неисполнето, како да не сум сакана… – почнала да се жали жената додека не ги наредила сите проблеми што ја измачуваат.

Наеднаш брачниот советник станал, ја замолил жената да стане и страсно ја бакнал, додека мажот само набљудувал.
По ова советникот рекол:

– Е ова ѝ треба на жена ви, и тоа најмалку трипати неделно. Можете ли да го направите? – прашал советникот.

– Епа, можам да ја носам во понеделник и во среда… Во петок не можам, обично тогаш одам по риба – одговорил мажот.

Стар брачен пар

Еден стар брачен пар, почнале многу често да ги забораваат работите, па отишле на лекар за да се посоветуваат што да прават.

Лекарот им препорачал да почнат да почнат да ги запишуваат работите за да не ги забораваат. Се вратиле дома, а бабичката му побарала на дедото да ѝ донесе сладолед.

– Подобро запиши – му рекла.

– Не, до толку памтам, сакаш сладолед – одговорил дедото.

– Добро, стави и шлаг пена на сладоледот и дај запиши да не заборавиш – рекла бабичката.

– Не, до толку памтам – сакаш сладолед со шлаг пена – рекол дедото.

– Може да ставиш и некоја цреша, запиши си – рекла бабата.

– Немој да се грижиш, запомнив, сакаш сладолед со шлаг пена и со цреша – одговорил дедото и тргнал кон кујната.

Го немало околу 30 минути дедото и се вратил во собата со чинија јајца и пржена сланина. Бабата ја погледнала чинијата збунета, па го прашала сопругот:

 – А лебот го заборави ли, ти реков да запишеш.

Пуст остров

Средовечен брачен пар се вози во авион, кога во еден момент пилотот се огласува и ги известува патниците дека моторите на авионот откажале, но ќе се обидат принудно да слетаат на пуст остров.

Притоа ги известил дека шансите да ги спасат се минимални и можно е да мора да останат на островот до крајот на животот.

За среќа пилотот успеал да го приземји авионот и сите патници безбедно излегле од авионот. Во еден момент мажот ја прашал жената:

– Жено, ја плативме ли ратата за колата?

– Не – му одговорила жената.

– А плативме ли рата за кредитот? – пак прашал мажот?

– Леле, заборавив да уплатам – рекла жената.

– А, чекај сметките за дома ги плативме ли? – пак прашал мажот.

– Ма, ни тоа не стигнав да уплатам, мислев кога…

– Браво бе, жено! – викнал мажот и почнал да ја гушка силно.

– Што ти е, тебе добар си? – прашала загрижена жената…

– Сега ми олесна, има надеж да се спасиме, ако на другите не им успее, извршителите сигурно ќе не најдат – одговорил мажот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Луѓе кои биле измамени од онлајн продавници

15 Урнебесни фотографии докажуваат дека родителите имаат челични нерви