Прочитајте ги следните смешни вицеви обоени со празничен тон… и додадете некој по ваша желба:
Оптимист:
– Новата година ќе биде подобра од претходната.
Песимист:
– Новата година ќе биде полоша од старата.
Реалист:
– Пак ќе си се напијам!
Оди Дедо Мраз на психијатар и се жали:
– Докторе, помогнете ми, не верувам во себе.
– Знаеш ли какви подароци им подарува Дедо Мраз на најубавите жени?
– Не.
– Па од каде би знаела?
Синчето на политичар пишува писмо до Дедо Мраз: Драги Дедо Мраз, ако ти е мил животот…
Таткото на синот: Ти си веќе голем, треба да знаеш дека Дедо Мраз не постои, јас се облекував како него …
– Знам, знам, ти си и штркот што ме донесе.
Пијаница влегува во кафеана и извикува: Среќна Нова година!
– Ма каква Нова година, февруари е.
– Февруари? Ќе ме убие жената, никогаш не сум се вратил толку доцна дома.
Зборуваат другарчиња во градинка…
– Што сакаш за Новата година? Јас една количка, а ти?
– Јас сакам тампон. На ТВ кажаа дека можеш да се бањаш, да трчаш и да возиш велосипед, без никој да забележи ништо.
Младо момче се среќава со Дедо Мраз и посакува еднорог за Нова година.
– Ма каков еднорог, дај нешто реално.
– Добро, сакам девојка, фина, воспитана, што нема да зборува премногу и ќе ме сака дури и кога ќе немам пари …
– А каква боја сакаш да биде еднорогот?
Чесен поп, скромен министер од Владата и Дедо Мраз наоѓаат банкнота од сто евра. Кој ќе ја земе?
– Дедо Мраз. Другите двајца не постојат.