Навивач на Велс на Светското првенство во Катар се пожалил за малата порција храна на која потрошил 80 долари, а хамбургерите биле ладни.
Високата цена и сомнителниот квалитет на храната и пијалоците во Катар стануваат главна тема меѓу навивачите на Мундијалот.
Велшкиот навивач нарачал порција храна во луксузен хотел, каде единствено и можел да нарача пијалок. Сепак, тој добил невкусни ладни мини-бургери со мала порција сув компир.
Исто така, и пијалокот стана скапоцена роба, откако е забранет внес во комплексите на стадионите по наредба на катарското кралско семејство.
Па така, фановите или треба да чекаат да купат пијалок во некоја од фан зоните или да бараат лиценцирани хотелски барови низ градот кои можат да продаваат алкохол на странци и на немуслимани.
Ова не е единствениот случај на разочарувачка храна во Катар. Навивачите претходно се жалеа на грчката салата од 9 долари која се служи во фан зоната.
Исто така, други се пожалија на храната во навивачките кампови каде сместувањето чини речиси 200 долари од ноќ.