„Ова сигурно не е најпаметниот крадец на сите времиња“ – велат дел од корисниците на социјалните мрежи што имаа можност да го погледнат видеото во кое момчето се повреди додека се обидуваше да побегне од бутикот со брендирани чанти вредни 18.000 долари.
Кражбата се случила среде бел ден во продавница на Louis Vuitton во Сиетл. Настанот се случил во август, но видеото сега стана вистински хит на социјалните мрежи откако беше објавено во повеќе познати светски медиуми.
🤣 Not the brightest thief!
"Man knocks himself out trying to flee store with luxury stolen goods, video shows" https://t.co/HCpJ2i2Isl
— Lion Cub (@elf212) November 7, 2022
Во краткото видео може да се види како 17-годишно момче се обидува да побегне од продавницата откако претходно земал чанти вредни околу 18.000 долари.
Она што е неочекувано е моментот кога тој обидувајќи се да побегне, удира во стаклениот излог од продавницата и паѓа на земја, по што веднаш бил уапсен.
Погледнете го видеото:
Засега не се соопштува идентитетот на крадецот затоа што станува збор за малолетно лице, а и се смета дека тој е дел од криминална организација која во изминатиот период почесто ограбува продавници со луксузни брендови.
Се знае дека момчето било пренесено во болница, а потоа било пуштено дома, во придружба на родителите.