Перо се шета по улица и гледа еден просјак. Му дава 100 денари и му вели:
– Еве ти за цигари.
– Јас не пушам – одговара просјакот.
Перо вади 500 денари:
– Земи и купи си шише ракија:
– Јас не пијам.
Перо вади 1000 денари:
– Земи и најди проститутка.
– Јас не одам со жени.
– Еве ти уште 1000 денари и мојата адреса. Оди и ѕвони. Ќе излезе жена ми. Сакам да види каков е мажот кој не пие, не пуши и не оди по жени!