Си биле маж и жена живееле во колиба каде што немало ни електрична енергија. Жената почнала да се пораѓа среде ноќ, а мажот стрчал кај комшивката и и вика:
– Брзо жена ми се пораѓа.
Комшивката му вика:
– Земи барем една светилка да гледам што правам.
Зема мажот светилка и жена му раѓа женско, комшивката му вика:
– Ај нека ти е жива ќеркичката.
Одеднаш комшивката вика:
– Свети, свети уште едно!!!
Жена му раѓа и машко и му вика, ај нека ти е жив и синот. Комшивката повторно вика:
– Свети, свети уште едно.
И мажот вика:
– A да ја изгаснам јас светилкава да не доаѓаат по светлово децава?