Дури и да не сте на „вечера со кралицата,“ треба да се придржувате до овие 8 правила, кои за жал, за многумина се ново откритие:
1. Потпирачот од столчето не е за Вашата чанта. Чантата треба да „седи“ позади Вас.
2. Оризот никогаш не се јаде со лажица.
3. Мафините прво треба да се исечат на половина или на поситни парчиња, па потоа да се јадат.
4. Супата се меша со нежни движења напред-назад, а не со кружни движења.
5. Светкавиот накит се носи исклучиво откако сонцето ќе зајде, односно на настаните по 18 часот попладне.
6. Кога се поздравувате или зборувате, не е доволно само да го намалите звукот. Слушалките треба комплетно да ги тргнете од ушите.
7. По правило, должината на ремчето за кучето не би требало да надминува 1,5 до 2 метри.
8. Кога вежбате во теретана, никогаш не би требало да имате на себе силен парфем или дезодоранс.