Ако сте во врска, добро размислете за колку нешта имате различни мислења и чувства со партнерот. Без разлика колку е среќна вашата врска и колку се согласувате со саканата личност, сигурно постојат многу работи по кои се разликувате.
На пример, дали сте партнерот кој ги пали сите светилки во домот, или партнерот кој постојно ги гаси? Или, дали вие сте храбриот во домот и се справувате со пајаците или другите инсекти, или тоа е задача на вашиот партнер?
Во светот навистина постојат само два вида луѓе, а најинтересно што неретко, тие живеат заедно.
Ако не верувате, илустрациите во продолжение ќе ви го докажат тоа:
Луѓе кои сакаат светло и луѓе кои цел ден гасат светилки низ домот
Луѓе кои чуваат сè и сешто и луѓе кои едвај чекаат да исфрлаат сè што непотребно од домот
Луѓе кои јадат педантно и луѓе на кои не им е грижа колкав неред ќе направат
Луѓе кои го пронашле внатрешниот мир и луѓе кои избувнуваат за најмалите нешта
Луѓе кои можат да изедат две пици, три порции помфрит и сладолед, а се слаби, и луѓе кои се дебелеат од салата
Луѓе кои сакаат мачки и луѓе кои сакаат кучиња
Луѓе кои сакаат сè да биде „под конец“ и луѓе кои не го ни забележуваа нередот
Луѓе кои не можат да се стоплат и луѓе кои не можат да се разладат
Луѓе кои сакаат инсекти и луѓе на кои им се ежи косата од нив
Ранобудни и спанковци
Ноќни птици и луѓе кои си легнуваат рано