Се сеќавате кога сé што посакувавте можевте да нацртате со еден шарен фломастер и да си замислувате дека го имате? Тоа е убавината на детската искреност и наивност.
Сега, со голема доза на носталгија, низ илустрации се сеќаваме на забавните работи кои ги правевме како деца, а веројатно ќе се пронајдете во повеќето од нив:
Правевме дупчиња во гумите со моливот.
Се качувавме обратно по лизгалките.
Со удирање го поправавме телевизорот.
Си цртавме накит и часовници по рацете.
Ги лупевме листовите, и самите без да знаеме зошто.
Бришевме со синиот дел од гумата, додека не го дупнеме листот.
Ги шишавме барбиките и куклите, со надеж дека косата ќе им порасне.
Ги двоевме колачињата од кремот и ги јадевме „на рати.“
Најголема желба ни беше да ги дупнеме пакувањата со сокови во продавницата, додека чекаме.
Си ја превртувавме косата врз лицето, стававме очила за сонце и се смеевме до бесконечност.
Трчавме колку што можеме побрзо откако ќе изгаснеме светло, за чудовиштето да не нé фати.
Пластичните чашки не остануваа цели подолго од 5 минути.