Секоја ситница си има свое место, ако правилно размислувате.
Па, ако овие работи ви стојат во бањата, време е да ги преместите од различни причини или барем повеќе да ги заштитите и да не бидат изложени на влага:
1. Корпа за валкана облека – лесно може да собере влага и да ги размножи бактериите.
2. Чисти пешкири и бањарки – секогаш ќе мирисаат на влага, наместо на омекнувач.
3. Свежо цвеќе – ќе му недостасува светлина, ќе има премногу влага и нема да издржи долго.
4. Производи за женска интимна нега – влажноста сериозно може да го уништи памукот, од кој вообичаено се прават тампоните и влошките.
5. Ситници за маникир – металот многу лесно може да ‘рѓоса.
6. Електрични апарати – комбинацијата на вода или влага и струја може да биде опасна.
7. Лакови за нокти – текстурата им се менува кога се на светло, топло и влажно место.
8. Отворен брич – сечилата многу побрзо се трошат и отапуваат кога се изложени на влага.