Овие трикови и совети ќе ви го олеснат секојдневието за дел од секунда и ќе се чудите како досега не ви текнало…
Толку едноставни, а толку генијални:
1. Престанете да ги барате ластичињата за коса и шнолите по дома – закачете ги на едно картонче од истрошена тоалетна хартија.
2. Кутиите од кибрит искористете ги за складирање ситници.
3. Хаосот од кеси средете го со помош на кутија од суви марамчиња.
4. Означете ги сите работи кои ги позајмувате, со едноставна лепенка, за да избегнете непријатности.
5. Искористете ги силиконските лепенки за на прозор, како дечињата не би си ги мешале чашите меѓусебно.
6. Зимските ракавици се супер футрола за очилата да не се гребат.
7. Ако немате при рака стиропор, а треба да спакувате нешто кршливо – искористете пуканки.
8. Футролата за очила е супер подвижен сет за маникир.
9. За вратичките од кујнските елементи да не удираат силно, ставете мало парче плута.
10. Стариот календар искористете го за виткање подароци, како украсна хартија. За уште подобар ефект, заокружете го датумот на роденденецот.
11. Од алуминиумската фолија лесно може да направите инка за преливање на течности.
12. Ако ви треба брза масичка, превртете ја кантата и одозгора ставете послужавник.
13. Цедалката за макарони може да биде одличен штитник за храната од инсекти.
14. Со тркалцето за сечење пица одлично се сечка и зелена салата.