Од избор на аголот на фотографирање до поставеноста на телото, како да испаднете поубаво кога позирате?
Дали секојпат кога ќе отворите Инстаграм гледате совршени фотографии од инфлуенсерките и ѕвездите? Дали помислувате дека сите освен вие знаат како да позираат?
Некои луѓе природно се фотогенични, но некои треба да се потрудат малку.
Трикови за да испаднете добро на фотките:
Сликајте се оддолу, овој кадар е кул, плус ве издолжува
Рацете нека ви бидат одвоени од телото, изгледа интересно, плус визуелно ќе ви бидат послаби
Ставете ги рацете на струкот за да го истенчите и да изгледате самоуверено
Исправете ги рамениците и грбот при позирање, тоа ќе направи голема разлика
Користете ги ефектите како X-Pro II или Mayfair на Инстаграм кои ќе ја затемнат малку фотката и ќе додадат доза на мистичност, но не секогаш – само кога одговараат
Позирајте потпрени на ѕид така нозете ќе ви изгледаат послаби
Допрете го лицето или косата со рака за да го акцентирате лицето