Вистинската љубов најчесто се случува зад затворена врата, далеку од „совршените“ Инстаграм профили и уште подалеку од очите на љубопитната јавност. Артистка ни овозможува да ѕирнеме во нејзината љубовна врска за да ни порача дека љубовта е во малите нешта и во секојдневните ситуациите на кои честопати не им придаваме важност .
Прегратка кога ни е најпотребна, шегување на сметка на другиот, поддршка, искрено „Те сакам“, неочекуван бакнеж, совет… Луонг Туј покажува како изгледа љубовта за неа. Таа вели: „Мојата инспирација е секојдневниот живот со моето момче. Приказните кои ги илустрирам се исто така приказни за мене“.