Над 400.000 крадци излегуваат на улиците секој ден, а добрите се навистина креативни луѓе со многу трикови во ракавот. За да се заштитиме, треба да бидеме лукави како нив и да ги гледаме работите од нивна гледна точка.
Не користете банкомати надвор.
Банкоматите се како магнети за крадци, па дури можат да работат и во парови со цел да ви го одвлечат вниманието додека едниот од нив ви ги грабнува парите. Исто така, има крадци кои ќе се обидат да го видат вашиот ПИН и потоа да ви го земат паричникот.
Ако треба да користите банкомат, изберете го оној кој се наоѓа во затворен објект. Тоа е затоа што банкоматите во хотелите и рестораните имаат помалку пари и имаат помала веројатност да бидат цел на крадците.
Бидете свесни за оние што се движат премногу брзо во јавниот превоз.
Ако сте во воз или автобус и забележите некој кој постојано оди нагоре-надолу со брзо темпо, држете ги личните предмети близу. Уште подобро, цврсто загрпчете ја торбата.
Кога крадец го прави ова, тоа е затоа што тие ја скенираат околината за торби без надзор или за оние што можат лесно да се фатат кога излегуваат на следната станица. Исто така, внимавајте на оние кои прават мали движења со своите раце, па дури и со нозете. Тие ќе го искористат ова како вид на телесно одвлекување на внимание, за да не видите кога ќе зграпчат нешто.
Купете облека и додатоци со тајни џебови.
Инвестирајте во парчиња облека со тајни џебови. Овие можат да ги намалат шансите да ве ограбат на улиците. Постојат многу различни видови што можете да ги купите, како јакни со внатрешни џебови, шорцеви, долна облека, маици и многу повеќе.
Внимавајте на групи што наеднаш се разделуваат
Крадците понекогаш работат во групи. Значи, ако забележите дека група луѓе влегуваат во зграда во која ќе влезете или ако се соберат на некое туристичко место и се разделат, бидете на штрек. Исто така, може да забележите дека тие ќе почнат да се однесуваат како да се сами.
Не им се прближувајте, бидејќи тие се разделуваат за да ја пронајдат својата следна жртва. Тие дури може да почнат да „зборуваат на телефон“ додека всушност нешто смислуваат.
Не застанувај да гледаш кога некој се расправа.
Крадците знаат дека многу луѓе не можат да одолеат да гледаат непознати како се караат. Затоа може да започнат расправија, во надеж дека ќе го одвлечат вниманието на толпата. Друг крадец ќе се протурка низ толпата и може да ги украде вашите работи. Нивниот план е сите да обрнат внимание на кавгата и да ги занемарат чантите и паричниците.
Други начини на кои тие можат да одвлечат внимание е со паѓање, сопнување или глумење како да се болни.
Бидете свесни за техниката „сендвич“.
Ако се најдете на ескалатор со неколку луѓе пред вас и тие ве блокираат да поминете, можеби налетавте на техниката „сендвич“. Двојката пред вас е всушност „застој“ кој може да му даде време за крадецот зад вас за да ги украде вашите работи. Ова обично може да се случи во трговски центри, аеродроми, пазари или железнички станици.
За да го избегнете ова, чувајте ја торбата пред вас кога сте на ескалатор. Ако се чувствувате како да сте во „сендвич“ ситуација, учтиво замолете ги луѓето пред вас да се поместат за да можете да поминете.