Се возат две русокоси во автомобилот и таа што вози вреска:
Помош! Не ни работат кочниците!
Другата ѝ одговара:
Не грижи се, на крајот на улицата има знак СТОП.
Новопечен богаташ и се додворува на девојка:
Мала, се знаеме ли ние двајца?
Таа му одговара:
Јас тебе те гледам првпат во живот!
На тоа тој ѝ вели:
Па, како ќе ме знаеш кога по цел ден сум во Мерцедесот!
Па Мујо како ти е во брак со Фата?
Супер! Имаме секс два пати неделно. Таа во петок, јас во вторник.
Полицаец го сретнал Мујо на велосипед и му напишал казна од 1.000 денари затоа што немал кочници, немал светло и немал низа други работи.
Мујо ја платил казната и почнал да се смее.
Полицаецот го прашал зошто се смее.
На тоа Мујо му одговорил:
Хасо тек колку ќе плати, он нема ниту велосипед.
Дошол Мујо од службен пат и ја фаќа Фата во кревет со друг маж. Бесен почнал да вика по неа и ја прашал:
Фато, што прави овој човек во мојот кревет?
На тоа Фата му одговорила:
Чуда Мујо, прави чуда!