„Среќата е релативна“, „Споредувањето со другите е ефикасен начин да се чувствуваш мизерно“, „Идеалното тело има раце за гушкање, нозе за посета на нови места, очи за читање…“ – илустрациите на Марија Гвадарама ќе ве замислат.
Преку својот серијал „Unspoken Truth“, талентираната артистка ги поттикнува своите обожаватели да погледнат на љубовта, среќата, самодовербата и анксиозноста од нов агол. За своите цртежи, Марија црпи инспирација од секојдневието.