Љубовта честопати се крие во малите нешта кои многумина не ги забележуваат – прегратка по долгиот напорен ден, заедничко смеење до солзи, гледање на омилената серија, неочекувана шега во тешка ситуација, ненадеен бакнеж…
Шон е артист кој ја илустрира врската со својата сакана и ни покажува како изгледа вистинската љубов.
Љубов е кога ќе запознаеш некој пред кого можеш да бидеш она што си.
Љубов е да танцувате заедно во дневната соба на вашата омилена музика.
Љубов е кога ја сакаш и покрај нејзината несмасност.
Љубов е кога се грижите еден за друг… дури и ако сте лути.
„Фати ме за рака, јас ќе те пазам.“
Растојанието не може да раздели двајца што вистински се сакаат.
Љубов е да можеш да ја пронајдеш магијата во малите моменти.
Паровите кои тренираат заедно, остануваат заедно.
Не постои поубав подарок за Денот на вљубените.
Љубов е да ги знаеш „мааните“ на партнерот.
„Таа рече: Може ли еден гриз?“
Љубовта е во малите нешта