Сакаат сами да се потстрижуваат, можат да се качат на највисоката полица во продавница, а им се слошува во најлошите моменти – животот со мали деца никогаш не е досаден.
Ништо не се споредува со детската логика, а децата можат да бидат толку непредвидливи, што не е ни чудно зошто родителите не сакаат да ги остават без надзор ни на една минута.
Неколку смешни фотки од родители кои сигурно имале полош ден од вашиот:
„Тишината вреди злато. Но, кога имате деца, тишината е сомнителна“.
„Мислеше дека во кофата има ’бела вода‘“.
„Ќерката извесно време си зборува со отворот за вентилација. Прво мислев дека изгледа слатко, но сега се плашам дека можеби некој ѝ одговара“.
„Синот ја избања тоалетната хартија“.
„Те сакам. Ти си најдобрата мајка“.
„Внукот сакал сликичка од Џорџ Вашингтон. Фала Богу што не сака од Бенџамин Френклин“. (портретот на Бенџамин Френклин се наоѓа на банкнотата од 100 долари)
Како ли успеало да се качи?
„Си направиле идентични фризури во 5 наутро“.
Прекрасно изненадување од децата
„Синот ми рече дека не сакал сладолед. Не очекував да си го стави на главата“.
„30 секунди откако ја вклучив правосмукалката, престана да работи и го слушнав син ми како плаче. За среќа, не се случи ништо опасно“.
Кој е виновникот?
„Деца, фломастери и далматинец се интересна комбинација“:
„Ќерка ми си направи дупки на чорапите во случај да ѝ стане многу топло на стапалата“.
„Ох…“
„Многу е забавно да имате деца“.
„Синот ги закачи влажните марамчиња за да се исушат“.
„Син ми инсистираше да ми направи појадок“.
„Кога ќе ѕирнете во спалната за да видите дали детето спие“.
„Само што ја зедов колата од автоперална, и на синот му се слоши…“