За некои градби, архитектите навистина го дале најдоброто од себе и резултатот нè остава без зборови. Но неретко, налетуваме на градби кои се толку ужасни и нелогични, што се прашуваме кој воопшто дозволил да бидат изградени.
Бидејќи ширум светот постојат навистина многу вакви градби, на Фејсбук има и цела група посветена на нив, наречена That’s It, I’m Architecture Shaming.
Овде, корисниците споделуваат фотографии од најлошите градби што ги виделе и, како што кажува името на групата, ја срамат лошата архитектура.
Во продолжение погледнете дел од најсмешните и најчудните градби што се споделени во групата:
„Столбот беше прав минатата недела. Ова е првиот кат од седумкатница“
„Не ме интересира колку е цврста градбата. Нема шанси да стапнам во оваа колиба“
„Изгледа како кактусот да ѝ е рака на куќата и да покажува среден прст“
„Оваа зграда ме прави анксиозен“
„Ќе ми изгледаше убаво ако тоа навистина беа лизгалки“
„Не можете да ме убедите дека овде не живее некој волшебник“
„Ова изгледа како дом на злобен негативец“
„Ги помните кафезите за морски прасиња што изгледаат вака?“
„Што ќе кажете за ова?“
„Арт нуво на психоделични супстанци“
„Некоја бруталистичка монструозност во Париз“
„Се прашувам кој помислил дека ова е добра идеја“
„Куќа во форма на тоалетна школка“
„Куќа-полжав во Бугарија“
„Ќе ве прогонува во соништата! Станбена зграда во Белгија“
„Зграда-слон во Бангкок“
„Го забележав ова во Тел Авив“
„Надреално соседство“